Ѓоковиќ казнет само со 2.500 долари за инцидентот во Доха: Морам да бидам претпазлив!

Најдобриот тенисер на Србија, Новак Ѓоковиќ, во текот на финалниот меч во Доха против Енди Мареј направи еден неспортски испад, кој можеше да го чини дисквалификација. 

Ноле по еден загубен поен нервозно реагираше и го удри топчето кое заврши на трибините и го погоди еден навивач. За негова среќа помина само со опомена од главниот судија, а иако се очекуваше да биде поригорозно казнет од страна на АТП, денес се обелодени дека е казнет само со 2.500 долари.

„Сигурно дека не сакав да погодам некој од трибините, едноставно се случи тоа. Имам среќа што не добив поголема казна. Во иднина, морам да бидам претпазлив“, вели Ноле.

Ѓоковиќ во финалниот дуел со 2-1 го совлада Мареј па така му го нанесе првиот пораз на Британецот како рекет број еден и прв по пауза од 28 меча.