Федерер преку Хасе до уште едно финале и до поглед кон врвот на АТП листата

Најтрофејниот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер направи уште еден голем чекор кон првото место на АТП листата, откако вечерва обезбеди финале на Мастерсот во Монтреал.

Победа на овој турнир и подобар пласман од Надал на следниот турнир во Синсинати се условите 36-годишниот Швајцарец пак да се врати на врвот на светското рангирање. 

Федерер по еден час и 18 минути игра го надигра Робин Хасе од Холандија со 2-0 во сетови (6-3, 7-6/4).

Во финалето Федерер утревечер ќе се бори за титулата со подобриот од мечот помеѓу Канаѓанецот Шаповалов и Германецот Зверев, кој се игра ноќва.