Федерер: Магично е да се освои турнирот без загубен сет

Годините се само бројка за најуспешниот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер. Тоа, швајцарскиот ас го потврди попладнево, кога по перфектен тенис го совлада најдобриот хрватски тенисер, Марин Чилиќ и заслужено по пет години повторно е освојувач на третиот Грен слем турнир сезонава, Вимблдон. 

„Честитки Марин, ти си јунак, честитки за одличниот турнир. Биди горд на себе и се надевам дека пак ќе играше вимблдонско финале. Секогаш е фантастично да се вратам тука. Можеби ќе треба пак подолго да одморам. Се шегувам... Магично е да се освои турнирот без загубен сет. Не бев сигурен дека пак ќе дојдам тука во финалето после ланското полуфинале и по двата порази од Ѓоковиќ. Успеав и прекрасно е да се биде тука. Од првиот до последниот ден сон беше да се игра тука. Се надевам дека ова не ми е последен меч на Вимблдон и се надевам дека и в година ќе дојдам да ја бранам титулата. Ова е прекрасен момент за моето семејство и сакам посебно да им се заблагодарам на луѓето од мојот тим“.

За Федерер овој триумф на Вимблдон е негов осми во кариерата, а по истиот стана и најстариот освојувач на единствениот Грен слем на тревна подлога.