Федерер: Би сакал да се вратам на првото место на АТП листата уште оваа недела

РФ

Швајцарецот Роџер Федерер изјави дека би бил пресреќен доколку ја оствари својата намера на турнирот во Ротердам. По долга пауза, тој би можел да се врати на првото место на АТП листата, што дополнително ќе ја продлабочи неговата легенда на 36 години.

„Посакувам да се вратам на првото место и сакам тоа да биде уште оваа недела. Тоа ќе биде фантастично достигнување за мене. На патот најверојатно ќе ми стои Вавринка, што ќе биде како финале на еден Грен слем турнир“ , изјави освојувачот на Австралија Опен.

Досега, рекордот како најстар тенисер кој се искачил на првата позиција е во рацете на Андре Агаси (33).