Федекс го збриша Долгополов за четвртфинале во Шанггај

По лесната победа на Рафаел Надал против Фабио Фоњини, на сличен начин и вториот носител на Мастерсот во Шангај, Роџер Федерер, обезбеди пласман во чевртфиналето. Швајцарецот не се ни испоти и го збриша младиот Александар Долгополов со 2-0 во сетови (6-4, 6-2).

За 61 минута Федерер им ја покажа својата класа на Кинезите и навести можно финале со Надал, во недела попладне по средноевропско време. Во следниот круг место обезбeдија и Чилиќ со победата против Џонсон со 2-0 и Рамос со победата во два сета против Штруф. 

Победникот од францускиот дуел меѓу Гаске и Симон, ќе биде ривалот на Федерер, утре во четвртфиналето.