Е ова е некој друг Надал – загуби само два гема и го „збриша“ Зверев

Рафаел Надал, најдобриот шпански тенисер во историјата уште еднаш потврди дека неговото време оваа сезона штотуку дојде, откако во еден перфектен меч со 2-0 во сетови ja совлада тениската надеж на Германија, Александар Зверев. 

Во рамките од осминафиналето на Мастерсот во Монтекарло, Рафа загуби само два гема, по еден во двата сета и за нешто повеќе од час време го совлада Зверев кој на претходните два меѓусебни дуели и тоа како знаеше да го намачи шпанскиот ас. 

За мечот за полуфинале Надал ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Штаф и Шварцман, кој штотуку започна, а за нешто повеќе од половина час ќе стартува дуелот на некогашниот најдобар тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ против Карено Буста. Доколку и српскиот тенисер извојува победа над незгодниот Шпанец, тој и Рафа ќе бидат главните фаворити за освојување на првиот Мастерс на земјена подлога оваа сезона, бидејќи денес на големо изненадување на тениската јавност своите настапи во Монако ги завршија првиот рекет, Енди Мареј и некогашниот освојувач на Ролан Гарос, Стан Вавринка.Првиот рекет на планетата загуби од Шпанецот Рамос, додека Уругваецот, Куевас, со идентични 6-4 славеше над далеку попознатиот Швајцарец.