Долгополов: Надал добива многу натпревари затоа што е левичар

Надал и Долгополов

Украинецот Александар Дологополов имаше сезона за заборав, која ја заврши на 33. место на АТП листата.

Во едно интервју за англиски „Телеграф“ тој доби можност да објасни зошто е тешко да се игра против Рафаел Надал, светскиот рекет број еден.

„Тој има нверојатен „спин“ и многу е тешко да се совлада бидејќи игра со левата рака. Благодарение на тие две работи, Надал не мора да прави ништо во половина од своите гемови. Левата рака му е најголемото оружје, со кое доминира со светскиот тенис. На трева е полесно да се игра против него, бидејќи ротацијата на топчето не е иста како онаа на земја или пак, на тврда подлога“ , веи 29-годишниот украински тенисер.

Во меѓусебните дуели доминира Шпанецот, кој победил на седум од девет одиграни меча.