Дел Потро рутински го реши Ферер и закажа финале во Оукленд со Баутиста-Агут

Еден од најдобрите аргентински тенисери во историјата, Хуан Мартин дел Потро, се избори за своето прво финале во новата АТП сезона. 

Високиот Аргентинец утринава на рутински начин го среди Давид Ферер и обезбеди финале на АТП турнирот во Оукленд. Дел Потро одигра квалитетен меч против шпанскиот ветеран и со идентични 6-4 закажа меч за титула против Роберто Баутиста-Агут. 

Шпанецот во првиот полуфинален меч по вистинска тениска борба која траеше скоро три часа го совлада холандскиот тенисер, Робин Хасе со 2-1 во сетови.