Дел Потро покажа моќ и го реши Зверев, лесна победа за Димитров

На четвртиот рекет на светот, Александар Зверев, како да не му лежат кинеските турнири, откако утрово забележа рана елиминација на Мастерс 1.000 турнирот кој се одржува во Шангај. 

Претходната седмица, младиот Германец беше надигран и совладан од Ник Кирјиос на турнирот во Пекинг, а денес по голема борба во три сета загуби од Хуан Мартин дел Потро. Зверев одигра фуриозен прв сет, кој по неполн половина час го доби со 6-3, но во останатите два аргентинскиот ас покажа моќ и заслужено со 7-6/5 и 6-4 го доби овој меч.

Денес пласман во четвртфиналето обезбеди и бугарскиот тенисер, Григор Димитров, кој со убедливи 2-0 славеше над Сем Квери од САД.