Чилиќ: Никогаш не сум предал меч, па не сакав ни денес!

Судејќи по одличните две седмици од него се очекуваше многу на денешниот финален натпревар на Вимблдон, но Марин Чилиќ наиде на екстра мотивиран Роџер Федерер и во три сета беше поразен од сега веќе осумкратниот освојувач на неофицијалното Светско тениско првенство. 

Рака на срце, Хрватот мака мачеше со повредата на стапалото, двапати повика медицински тајм-аут, што беше само олеснување за Федекс да слави убедлива победа од 3-0. 

„Минав прекрасно недели тука, го играв мојот најдобар тенис во кариерата. Денес беше многу тешко, никогаш не сум предал меч во кариерата, па и денес и покрај болката издржав до крај. Сакам да ги поздравам моите навивачи“, по мечот изјави Чилиќ. 

Овој загубен меч на Хрватат доаѓа како реванш за можеби најголемиот пораз на Федерер во својата кариера, кога во полуфиналето на УС Опен пред две години загуби со 3-0.