Босанецот Башиќ сензационално го сруши Вавринка за место во финалето во Софија

Квалификантот од БиХ, Мирза Башиќ сензационално обезбеди место во финалето на АТП турнирот во Софија, откако го победи победникот на три Грен слем турнири, Стен Вавринка со 2-0 во сетови 7-6/6, 6-4.

Во борба која траеше скоро еден час и половина, Башиќ покажа карактер кога најмногу од него се бараше и ја оствари победата на кариерата.

Противник во финалето на Башиќ ќе му биде Романецот, Мариуш Копил, кој со 2-0 во сетови (6-4, 6-2) беше подобар од Јозеф Ковалик.