Босанецот Башиќ испиша историја и го освои АТП турнирот во Софија

129. тенисер на АТП листата, Мирза Башиќ од БиХ сензационално победи на турнирот од АТП серијата, Софија опен во Бугарија, откако во финалето во три сета со 7-6/6, 6-7/4, 6-4 го совлада Романецот Мариуш Копил.

Анонимниот Босанец во полуфиналето го елиминира Станислав Вавринка и го привлече вниманието на себе. Собра сили и во финалето го доби маратонот против уште еден млад тенисер. 

Башиќ заработи 90.000 евра со победата и првиот турнир во кариерата. Башиќ е вториот тенисер од БиХ со АТП титула, по Дамир Џумхур. Тој од утре ќе скокне на 76. место на АТП листата.