Бердих се пензионира од чешкиот Дејвис Куп тим по два освоени трофеи

Еден од најдобрите чешки тенисери на преминот во два милениума, Томаш Бердих се прости од настапи во чешкиот Дејвис куп тим, откако во 2012 и 2013 година ја освои „салатарата“.

Бердих одигра 67 мечеви во Дејвис купот од 2003 година, но на 32 години се одлучи за репрезентативна пензија. 

Бердих извојува 50 победи и пропушти само два меча од 2003 до 2013 година. Без Бердих и  Штепанек, Чесите испаднаа од Светската група по поразот од Австралија минатата година.

Бердих е освојувач на 14 АТП турнири, но и покрај две финалиња, нема ниту еден Грен слем турнир.