Бекер со свои предвидувања за соработката на Агаси и Ѓоковиќ

Се поблиску е денот кога Новак Ѓоковиќ повторно ќе се врати на тениските терени, а тоа е повод поранешниот тренер на Србинот, Борис Бекер, да ја искоментира соработката на Ѓоковиќ со Агаси.

„Нивната работа може да даде добри резултати. Веќе во Мелбурн ќе бидеме сведоци на резултатите од нивната заедничка работа. Агаси има потенцијал да биде добар тренер. Беше светски број 1 и освојувач на најпрестижните трофеи. Има карактер за на Ѓоковиќ да му ја каже вистината“, изјави Германецот.

Ѓоковиќ на терените ќе се врати на егзебициониот турнир во Абу Даби, а првиот официјален меч ќе го одигра по повеќемесечна пауза на турнирот во Доха, кој ќе трае од 1 до 7 јануари.