Баутиста-Агут подобар од Дел Потро во финалето на турнирот во Оукленд

Роберто Баутиста-Агут е победник на турнирот во Оукленд, откако во финалето на големо изненадување беше подобар од Хуан Мартин дел Порто од Аргентина со 2-1 во сетови (6-1, 4-6, 7-5). Ова е втора титула во Нов Зеланд за шпанскиот тенисер, откако беше најдобар и пред две години. 

Петтиот носител по скоро два часа голема борба, конечно го скрши отпорот на високиот Аргентинец и успеа да поврзе десет победи по ред во Оукленд, откако минатата година не настапи заради болест.  

Баутиста-Агут подготвен ќе го дочека Австралија Опен и дебито со сонародникот Фернандо Вердаско, додека Дел Потро за прв ривал во Мелбурн ќе го има Американецот, Френсис Тиафоу.