Андерсон: Рафа е еден од најголемите амбасадори на овој спорт!

Кевин Андерсон, најдобриот тенисер во историјата на Јужна Африка, синоќа беше поразен во своето прво големо финале на еден Грен Слем турнир. Во последниот меч од овогодишното издание на УС Опен 31-годишниот Андерсон убедливо во три сета беше поразен од Рафаел Надал. 

Во вчерашното финале на одиграно на „Артур Еш“, Јужноафриканецот не можеше да направи ништо повеќе од чесен пораз од првиот рекет на светот. 

„Рафа е еден од најголемите амбасадори на овој спорт во светот. Му честитам за овој успех. Ова беа две неверојатни седмици за мене. За мене ова беше прво Грен Слем финале, но против противник како Надал секогаш е тешко да се радуваш. Овој резултат ми дава нов мотив, сакам да продолжам да тренирам и да се борам за секој трофеј“, вели 32. тенисер на светот. 

Андерсон Њујорк го напушти побогат за 1,8 милиони долари, додека Надал доби двојно повеќе.