ВИДЕО: Трагедија во Англија - 17-годишен возач при судир остана без двете нозе

судир

Голема трагедија се случи за време на викендот во Англија, откако младиот 17-годишен возач на Ф4, Били Монгер доживеа судир на патеката во Динингтон по која остана без двете нозе.

Судирот се случи при голема брзина поради што Били остана заглавен во болидот цели 90 минути. Потоа со хеликоптер беше пренесен во болница, каде докторите се обидоа да направат сè, но мораа да му ги ампутираат долните екстремитети.

Тој важеше за еден од најталентираните возачи во земјата и иднината на автомобилистичкиот спорт.