ФОТО: Пике пак провоцира - „Касиљас, мило ми е што не ти го гледам лицето“!

Жерард Пике, дефанзивецот на Барселона повторно е во центарот на вниманието кај шпанската јавност, поради неговите провокативни коментари на социјалните мрежи. 

Секогаш расположениот за провокации, Пике, денес го „пецна“ поранешниот капитен на Реал Мадрид, Икер Касиљас. Голманот на Порто на својот Инстаграм профил објави фотографија со која ја најави летната турнеја на клубот, па веднаш доби коментар од својот поранешен репрезентативен колега. 

„Ова е најдобрата фотографија која некогаш си ја објавил...мило ми е што не ти го гледам лицето“, напиша Пике.