ФОТО: Линдзи Вон со „жешки“ фотографии од одморот

Линдзи Вон

Една од најатрактивните спортистки во светот, Линдзи Вон моментално прави пауза од скијачката сезона, па одлучи да замине на егзотичен одмор.

Американската скијачка имаше неколку повреди кон крајот на сезоната и не беше на посакуваното ниво во завршницата. Таа најави дека наредната година ќе биде повторно онаа старата, а покрај тоа што одмара од снегот и натпреварувањата, со лесни тренинзи ја одржува својата форма. 

Вон е позната во јавноста по својата одлична физичка подготвеност и секогаш знае да ги почести своите фанови со секси фотографии.