Легенда на Милан и освојувач на Златната топка стана претседател на Либерија!

Легендарниот фудбалер на Милан, Жорж Веа, успеа да победи во трката за претседател на Либерија и стана првиот фудбалер кој успеал да биде назначен за прв човек на една држава.

Веа основаше своја партија во 2005 година, а во трката за претседателското столче беше двапати, но загуби. Како што известуваат медиумите од земјата, сега, нему му успеа да стане претседател, а честитки доаѓаат од сите страни, додека се бројат резултатите во кои наводно Веа е во предност.

Жорж Веа е првиот Африканец кој ја освоил Златната топка, кога во 1995 година е прогласен за најдобар фудбалер во светот.