
Честа појава и не е никакво изненадување кога Марио Балотели, кој моментално е повреден, ќе сподели контроверзно видео на Инстаграм.
Но, последното видео на италијанскиот фудбалер би можело да ги надмине сите рекорди со оглед не неговата содржина. „Супер Марио“ сподели интимна содржина од соблекувалната на францускиот прволигаш, во која физиотерапевтот се обидува на интересен начин да му помогне на својот пациент.
Балотели го сподели видеото со натпис: „Се колнам, не е тоа што мислите“.