ВИДЕО: Шон Марфи и неговата МАГИЈА од невозможна ситуација против Рони О'Саливен

Во второто коло од Светскиот шампионат во снукер, кој се игра во Шефилд, Шон Марфи налета на секогаш незгодниот Рони О'Саливен. 34-годишниот Марфи, кој го носи прекарот „магионичар“, само се надоврза на добиеното име и засега го направи потегот на турнирот во Англија.

Тој успеа да излезе од незгодната ситуација во која го остави О'Саливен, и не само тоа, изведе несекојдневен удар кој заврши со фантастичен крај и вметната црвена топка.

По првата сесија, која заврши вечерва, О'Саливен има убедлива предност од 6-2, а победник ќе биде оној кој прв ќе стигне до 13.