„Гран Клуб“ и оваа година ќе организира меѓународен снукер турнир „Скопје опен 2017“

Во декември оваа година ќе се одржи меѓународниот снукер турнир - „Скопје опен 2017“ во просториите на билијард и снукер клубот „Гран Клуб“.

Според најавите од организаторите, истиот ќе се игра по сите стандарди на меѓународната федерација. Право на учество ќе имаат 32 натпреварувачи, без разлика дали се професионалци или аматери, а сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на Интернет. 

„Скопје опен 2017“ година ќе се одржи на 9 и 10 декември и ќе се игра по систем на единечна елиминација.