ТРАГЕДИЈА: Бронзениот од СП во Шладминг им подлегна на повредите здобиени на спуст тренинг

Францускиот скијач, Давид Поисон им подлегна на повредите со кои се здоби при падот на тренингот во спуст, во канадаскиот скијачки центар Накиска, соопштија од француската скијачка федерација.

Најголемиот успех на 35-годишниот Поисон е бронзениот медал во спуст, кој го освои на Светското првенство во Шладминг, во 2013 година.

Во светскиот куп дебитираше во 2004 година, а најголемиот успех му е третото место во 2015 година.