Тина Мазе објави дека оваа зима првпат ќе стане мајка

Поранешната олимписка шампионка во алпско скијање, Тина Мазе оваа зима првпат ќе стане мајка. Мазе и нејзиниот долгогодишен пријател и тренер, Андреа Маси преку социјалните мрежи ја соопштија радосната вест. 

„Очекуваме нова поезија – еден нов живот. Нема зборови со кои би можеле да ја опишеме нашата среќа и благодарноста за тоа дека ќе станеме родители”, напиша Тина Мазе на сите социјални мрежи.

Тина Мазе минатата година ја заврши професионалната кариера и ја изненади јавноста, а и покрај сите шпекулации за кам-бек, Мазе потврди дека ќе се посвети на семејството и приватниот живот.