Фрида Хансдотир победи на слаломската трка во Флахау

На седмиот овосезонски слалом од Светскиот Куп во женска конкуренција, возен на патеката во Флахау до победата стигна Швеѓанката Фрида Хансдотир, пред Норвежанката Нина Лесет. На третото место се пласира водечката во генералниот пласман во слалом, Михаела Шифрин.

Швеѓанката до победата стигна со две добро извозени трки и на крајот ја остави второпласираната Норвежанка, Нина Лесет 53 стотинки зад неа. Третопласираната Шифрин имаше најдобра втора трка, но на крајот заостана 78 стотинки и го подели третото место со Венди Холденер.

За Фрида Хансдотир денешната победа е нејзина четврта, а на истата патека триумфираше и пред две години. Трката во Флахау е позната и по највисоката награда за победничката, која изнесува 70.000 евра.

Во пласманот за малиот кристален глобус во водство е Михаела Шифрин со 500 бода, пред Вероника Зузулова со 390 бодови.