Французинот Муфа-Жанде сензационално победи во комбинацијата во Венген

Виктор Муфа-Жанде од Франција изненадувачки стигна до првата победа во Светскиот Куп во алпско скијање, откако победи во алпска комбинација во швајцарскиот зимски скијачки центар Венген.

Иако после спустот заврши на 27. место, 28-годишниот Жанде доминираше во слаломот и со време 2:35.29 минути прв мина низ целта.

Павел Трихичев од Русија беше второпласиран, а Винсент Крихмаер, кој беше лидер по спустот, не ја заврши слаломската трка и му дозволи на Петер Фил од Италија да се искачи на пиедесталот. 

Фаворитот Алексис Пинтуро не настапи и приоритет му даде на неделниот слалом. Утре во Венген се вози спуст за Светскиот Куп.