Штафетата на Норвешка по четврти пат по ред најбрза во Руполдинг

Моќната норвешка штафета во биатлон се искачи на врвот на пиедесталот на Светското првенство во германскиот ски-центар Руполдинг. За Норвежаните денешната победа е нивна четврта по ред во познатиот ски-центар, а веднаш зад нив се пласираа биатлонците од Франција и Русија.

Норвежаните до победата на патеката 4x7,5 километри стигнаа со време 1:13:11 часа, со скоро 25 секунди предност пред Франција, која подобро стрелаше, но беше побавна на патеката. Олимписките шампиони од Сочи, биатлонците на Русија имаа само четири промашувања, но на крајот завршија со 53 секунди заостанување.

Утре на програмата во Руполдинг е женската штафетна трка 4x6 километри.