ВИДЕО: Норвежанецот Клебо стана најмлад крос-кантри олимписки шампион во историјата

Младиот 21-годишен Норвежанец Јоханес Хесфлот Клебо е нов олимписки победник во скијачко трчање во дисциплината спринт.

Клебо низ целта мина со време од 3:05,75 минути и стана најмладиот олимписки шампион во историјата на крос-кантри спринтот. 

Среброто му припадна на Италијанецот Пелегрини, кој задоцни 34 стотинки, а на најниското место на пиедесталот се искачи Русинот Болшунов.

Македонскиот нордиец и знаменосец Ставре Јада го освои разочарувачкото 80. место.