ВИДЕО: Фрајтаг победи на скокалницата во Енгелберг и се зацврсти на врвот од Светскиот Куп

Германскиот скокач Рихард Фрајтаг победи на скокалница во швајцарскиот зимски скијачки центар Енгелберг. Со скокови од 137.5 и 135 метри, Фрајтаг го победи шампион Камил Стох од Полска и Штефан Крафт од Австрија.

Фрајтаг убедливо води во генералниот пласман за Светскиот Куп со 151 поен предност пред сонародникот Андреас Велингер.