Алкалоид убедливо ја надигра Падова, висок пораз за Гамбит Асеко

Европскиот првак и најголемата македонска надеж на Европскиот Клупски Куп, скопски Алкалоид ја победи против италијанската екипа Падова со 5,5-0,5 во рамките на петтото коло на континенталниот собир во Анталија. 

Динг, Елјанов, Андрејкин, Ју и Криворучко остварија победи, а единственото реми на петтата табла го оствари Дмитри Јаковенко, кој ремизираше со Алесио Валсеки.

Вториот наш претставник Асеко Гамбит убедливо е поразен со 5-1 од романскиот првак Баја Маре. Динев победи на последната табла и ја спаси честа на македонскиот вицешампион.