ЖРК Вардар со +40 ја декласира Гевгелија и закажа финале против ЖРК Металург во македонскиот Куп

ЖРК Вардар е вториот финалист на македонскиот Куп, откако славеше во полуфиналето против Гевгелија со 16-56 (9-25).

Актуелниот македонскаи шампион немаше проблеми во дуелот со гевегелиската екипа и рутински си ја заврши работата.

Ракометарките на Дибирова доминираа во сите 60 минути и на крај победија со 16-56.

Најефикасни кај победничката екипа беа Херем и Ристовска со по 17 гола, Хмирова постигна 10, а Човиќ го заврши мечот со 6 погодоци. Во редовите на Гевгелија се истакнаа Митрова и Атанасова со по четири гола.

Во финалето, како минатата година, ЖРК Вардар ќе се сретне со тимот на Металург.