ЖРК Металург чека на Вардар во финалето на Купот

Екипата на Металург е првиот патник во финалето на женскиот ракометен Куп на Македонија.

Во првото полуфинале тимот од Автокоманда со 43-15 славеше над Прилеп. Очекувано, Металург извојува убедлив триумф кој се најави уште од самиот старт. Фаворитот ја зеде играта во свои раце уште од почетокот и ниту еднаш не го испушти водството.

Во финалето Металург многу веројатно ќе игра со актуелниот првак Вардар кој во полуфиналето од 16.30 се соочува со Гевгелија.