ФОТО: Вујо, ракометарите и навивачите го исполнија ветеното – кон Загреб тргнаа со воз!

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Делегацијата на словенечката ракометна репрезентација, предводена од селекторот Веселин Вујовиќ и навивачите утрово се упатија кон Загреб, каде ќе се играат натпреварите од групата Ц на претстојното Европско првенство. 

Како што претходно најавија, словенечката делегација и фановите со воз заминаа кон главниот град на Хрватска, а за натпреварите против Македонија, Црна Гора и Германија, се очекува околу 10.000 Словенци да ја бодрат својата репрезентација во загрепска „Арена“.

Првиот меч Словенија го игра со Македонија, утре со почеток од 19.30 часот.