Второто македонско дерби во СЕХА закажано за на 9 декември

Второто македонско дерби на регионалното ракометно натпреварување СЕХА лигата, меѓу Вардар и Металург ќе се одржи на 9 декември со почеток од 20.45 часот. 

Ова ќе биде втора средба на нашите најдобри ракометни клубови, а на истата домаќин ќе биде актуелниот првак на овој шампионат. На првиот меѓусебен дуел сезонава, Вардар убедливо славеше во „Борис Трајковски" со 32-23. 

„Црвено-црните" се лидери во СЕХА лигата, со седум победи од исто толку натпревари, додека Металург со скор од 2 победи и 5 порази е на разочарувачкото седмо место.