Втора победа во два дена за вардарки во домашната Суперлига

Ракометарките на ЖРК Вардар по синоќешната победа во Куманово, вечерва славеа на теренот на Деспина во Прилеп со 24-41 (12-18) и ја продолжија серијата без пораз, која трае со години. 

Три ракометарки на Вардар постигнаа по седум голови, Кузнацова, Керамичиева и Ристовска. Младите Гичевска и Николиќ повторно пак се запишаа во листата на стрелците, искусувајќи како е да се игра за првиот тим на „црвено-црните".

Вардар не се намачи, бидејќи утре се среќава со сестринскиот тим на Вардар јуниор. Натпревароот се игра од 15.00 часот во СЦ „Јане Сандански“.