Вардарки со половични сили го совладаа СЦЈС за полуфинале во Купот

Ракометарките на женскиот ракометен шампион, Вардар, очекувано се првите полуфиналисти на Купот на Македонија, откако денес во првото четвртфинале славеа убедлива победа од 38-18 (20-11), над Вардар СЦЈС.

Иако поискусните вардарки на денешниот натпревар настапија без првите ѕвезди на тимот (Лекиќ, Пенезиќ, Радичевиќ, Суслина, Човиќ и Лакрабер) без некои поголеми потешкотии ги совладаа младите девојки на македонскиот селектор Симе Симовски.

Најдобар поединец на мечот беше крилото на победничката екипа Ристовска, која запиша 7 гола, 6 постигна Мавсар, а на овој дуел свое деби имаше српската интернационалка, Марија Петровиќ. Кај Вардар СЦЈС најпрецизна беше Симона Стојановска со 4 гола, додека по 3 постигнаа Керамичиева и Гичевска.