Вардарки подобри од Будуќност среде Подгорица на почетокот од регионалната лига

Актуелниот победник на женската регионална лига, Вардар со победа ја почна одбраната на титулата и тоа во гости кај Будуќност, 22-24 (13-12). На турнирот во Подгорица, вардарки настапија само со 13 ракометарки, бидејќи поради повреда дома останаа Кузнецова, Лејно, Бајрамовска, Лакрабер и Лазовиќ. 

Ина Суслина мечот го заврши со 12 одбрани, и беше една од најдобрите играчи на теренот.

„Се виде заморот кај играчите во дват атима, како последица на работата на физичка подготвеност, бидејќи ова беше ударна недела и сега полека се намалува тоа темпо. И во двата тима недостасуваа некои ракометарки. Имаше и добри и лоши работи. Будуќност многу има напредувано во однос на играта на турнирот во Скопје. Ние успеавме да се вратиме и покрај минусот што го имавме. Видовме на кои работи треба да внимаваме во иднина“, рече по средбата Јованка Радичевиќ, крилото на Вардар.

На првиот турнир што се одржува во Подгорица утревечер вардарки играат против Крим.