ВИДЕО: Вардарката Лекиќ амбасадор на следните Олимписки игри за млади

Интернационалниот Олимписки комитет одбра 25 спортисти кои ќе ја имаат улогата на амбасадори на сите спортови, кои се членки на олимпиското движење, како дел од промоцијата на Олимписките игри за млади во Буенос Аирес во 2018 година.

Следната година во Аргентина за првпат ќе биде промовиран ракометот на песок како официјален спорт, а во иднина се очекува да добие свое место и на Летните Олимписки игри. На листата на амбасадори, вардарката Лекиќ се најде во друштво на аргентинските тениски легенди Габриела Сабатини и Давид Налбандијан.

На Олимписките игри за млади предвидено е да настапат преку 4.000 луѓе во 32 различни спорта.