Вардар против традицијата: Ниту еден клуб не ја одбранил титулата во Лигата на шампионите

Минатогодишното славје на Вардар во Лигата на шампионите ја изненади ракометна Европа, која не очекуваше издигнување на нашиот шампион покрај останатите гиганти на завршниот турнир во Келн.

Сепак, традицијата вели дека ниту една екипа не ја одбранила титулата во најелитното ракометно натпреварување, откако е воведен „фајнал-фор“ турнирот во 2010 година. Така, избраниците на Раул Гонзалез ќе имаат тешка задача да испишат нова историска страница во европскиот ракомет.

По повод 25-годишнината од почетокот на Лигата на шампионите, погледнете ги фактите и бројките пред почетокот на групната фаза во новата година:

0 - Ниту една екипа не ја одбранила титулата во Лигата на шампионите, откако се воведе завршниот турнир во Келн во 2010 година.

0 - Нема ниту еден дебитант во овогодишната групна фаза од Лигата на шампионите.

1 - Ќе се одржи само една ждрепка во текот на сезоната - онаа за завршниот турнир во Келн.

1 - Само еден човек ја освоил титулата во Лигата на шампионите како играч и како тренер - Талант Душебаев.

2 - Двајца тренери го освоиле трофејот со две различни екипи - Алфред Гисласон (Магдебург 2002, 2010 и Кил 2012 година) и Талант Душебаев (Сиудад Реал 2006, 2008, 2009 и Киелце 2016 година).

3 - Тројца шпански тренери ќе бидат дел од сезоната 2017/18 - Раул Гонзалез (Вардар), Хавиер Сабате (Веспрем) и Чави Пасквал (Барселона).

4 -  Сите четири учесници на завршниот турнир од минатата година повторно се пласираа во групната фаза (Вардар, ПСЖ, Веспрем и Барселона).

4 - Четирипати Тјери Омејер (2003, 2007, 2010 и 2012) и Урош Зорман (2004, 2008, 2009 и 2016) ја освојуваа титулата во Лигата на шампионите.

5 - Поранешни или актуелни најдобри стрелци во Лигата на шампионите се дел од групната фаза - Уве Генсхајмер, Кирил Лазаров, Момир Илиќ, Никола Карабатиќ и Микел Хансен.

6 - Држави од каде доаѓаат шампионите во последните 24 сезони - Шпанија (14), Германија (6), Македонија, Полска, Словенија и Франција.

7 - Поранешни или актуелни шампиони освоиле 15 од вкупно сите титули - Вардар, Киелце, Барселона, Кил, Монпелје, Флензбург и Целје Пивоварна Лашко.

8 - Толку пати „Ланксес арената“ во Келн беше распродадена. Договорот со салата е во трајност до 2020 година.

8 - Титули во Лигата на шампионите има рекордерот во ова натпреварување, Барселона.

18 - Различни држави ќе бидат дел од групната фаза, која ја сочинуваат 28 учесници. 

24 - Рекордни настапи на РК Загреб во Лигата на шампионите, веднаш пред Веспрем, кој има 23.

55.58 - Просекот на голови во претходната сезона на 208 одиграни натпревари.

115 - Толку гола постигна Уве Генсхајмер од ПСЖ, кој ја освои наградата најдобар стрелец во изминатата сезона.

11.560 - Вкупно гола беа постигнати во минатогодишното издание на Лигата на шампионите.

12.250 - Најбројната публика на еден меч во минатата сезона на натпреварот помеѓу ППД Загреб и Веспрем.

20.000 - Фанови се очекуваат да бидат дел од завршниот турнир, кој оваа сезона е закажан за 26-27 мај во „Ланксес арената“ во Келн.