ФОТО: Триумфалната порта во Париз во боите на Македонија

Светското ракометно првенство во ракомет за мажи во Франција е на самиот праг, па така организаторот на уникатен начин го започна последното одбројување до официјалниот почеток.

Вечерва Триумфалната порта во Париз е во знакот на Мундијалот со оглед на тоа што е обоена со боите на сите 24 ракометни нации кои наизменично се менуваат. Меѓу нив секако се и националните бои на Македонија, жолтата и црвената.

Импозантна глетка, нема што!