Стоилов: Не гледам како Динамо би ни направил проблеми и покрај краткиот период за подготовка

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов е сигурен во рутинска победа над Динамо Панчево во рамки од 7. коло од СЕХА лигата утре попладне во Скопје. 

Македонскиот репрезентативец не гледа како гостите од Србија би можеле да му наштетат на македонскиот претставник и покрај краткиот период за подготовка за овој меч, поради обврските во Лигата на шампионите.

„Денес ќе играме против противник за кој искрено многу малку знаеме. Ова е дебитантска сезона за нив, но ние имаме почит за секој наш противник. Фаворити сме и мислам дека и покрај краткиот период за подготовка, нема да имаме големи проблеми на денешниот натпревар“ , изјави кружниот напаѓач на вардарци.

„Црвено-црните“ ја бркаат седмата победа од исто толку натпревари во новата сезона од СЕХА лигата, што ги прави големи фаворити за одбрана на титулата освоена минатата година.