Стоилов: Барселона е една од најдобрите екипи во светот

Столе Стоилов, капитенот на Вардар, посакува подобар натпревар против Барселона во Лигата на шампионите од оној меч во Супер глоуб и победа за „црвено-црните“ пред домашната публика.

Во битката за светскиот трон, Вардар загуби од каталонскиот гигант, за кого Стоилов има само пофални зборови.

 

„Барселона е една од најдобрите екипи во светот. Оваа година ни го нанесоа најдобриот пораз, на Супер глоуб, таму не се покажавме во најдобро светло. Атмосферата во екипата сега е супер, немаме веќе повредени играчи, сите се на терен и мислам дека можеме до победа. Против тим како Барселона мора да ги користиме шансите. Ако играме како што знаеме мислам дека можеме до победа“, изјави Стоилов.

Дуелот меѓу Вардар и Барселона се игра в сабота од 17.30 часот, а се очекува СЦ „Јане Сандански“ да биде комплетно распродаден.