Стефановски: Раул е прав избор, но јас би ги повел и Томовски и Нелоски во Хрватска

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

За првпат во историјата Македонија нема селектор Македонец или стручњак од поранешните југословенски простори. Сепак, Раул Гонзалез е задомаќинет, говори македонски и добро го запозна нашиот менталитет и навики.

За краток период Раул стана омилен кај сите љубители на ракометот, па и кај критиката. Поранешниот репрезентативен голман и селектор, Стевче Стефановски смета дека ни следи добра иднина со новиот селектор, но тој на негово место би повел уште двајца членови на генерацијата која освои шесто место на младинскиот шампионат на Евопа. 

„Раул потврди дека е голем стручњак, се имплементираше во нашиот ракомет, ги наметна своите принципи, но љубопитен сум да видам како ќе води еден турнир со нашата репрезентација. Работата на селекторот и на тренерот не е иста и ова е новина за него. Што се однесува до изборот, јас имам свое мислење и како секогаш јавно ќе го изнесам. Јас би ги повел на ова Европско првенство Томовски и Нелоски, наместо Даскалоски и Прибак. Да бидам прецизен, Даскалоски и Прибак се момци со неспорен квалитет, кои заслужуваат место во репрезентацијата, но јас сметам дека ќе имаат маргинална улога, а во таков случај повик многу би значел за млади момци како Томовски и Нелоски. Ќе повторам, ова е мој став и не мора да значи дека е правилниот“, вели некогашниот селектор.

Раул воочи дебито ги остави Ојлески, Даскалоски и Велко Маркоски на трибините, а Прибак ја залечи повредата и ќе биде подготвен за дебито со Словенија.