ФОТО: Старите пријателки повторно се прегрнаа - Инди и Дину се потсетија на европската радост!

Кометал Ѓорче Петров слави 15 години од европската титула во Лигата на шампионките, а емотивна средба имаа ракометарките на тимот кои во 2002 година во финалето го совладаа Херц и ја освоија Европа.

Повторно како некогаш, се прегрнаа Индира Кастратовиќ и голманката Луменица Дину. Двете големи имиња за Кометал ЃП евоцираа спомени на средбата и се потсетија на големата победа за македонскиот ракомет која во нашата земја го донесе првиот европски трофеј во екипен спорт.

Исто како и во 2002 година, двете позираа пред нашиот објектив и со насмевка на лицето се потсетија на големото финале.