Шампионките повторно заедно: Кометал ЃП слави 15 години од освојувањето на Европа!

Кометал Ѓорче Петров, најтрофејниот македонски ракометен клуб во историјата, одбележа 15 години од титулата во ракометната Лига на шампиони.

Кај љубителите на ракометот уште се свежи мемориите од 19 мај, 2002 година, кога преполното „Кале“ гореше и го водеше Кометал до историската титула во ракометната елита. Во големото финале падна Херц, кој на домашен терен победи со два гола, кои сепак беа премалку да се преживее македонскиот пекол.

Спомените се собрани на едно место, се прераскажуваат од генерации на генерации, а од Кометал посакуваат уште трофеи во Лигата на шампионите, како во женска, така и во машка конкуренција. Велат, првата титула секогаш е слатка, но децидни се - што повеќе титули, толку подобро!

Кастратовиќ, Малахова, Бујанова, Будимир, Киселова, Платон, Велкова, Андрушченко, Чупиќ, Дину, Калинченко, Нацева, Плошчинска и Златановска, предводени од рускиот стратег Александар Панов дојдоа до историски успех за нашата земја.