Само европскиот првак од Хрватска ќе добие директен пласман на следниот Мундијал

На состанокот на извршната комисија на ЕХФ во Загреб беше донесена одлука само шампионот од Европското првенство во Хрватска да добие директно место на мундијалот во Германија и Данска во 2019 година. 

Причината за оваа одлука е различниот начин на континенталните собири и податокот што следниот Мундијал заедно ќе го организираат две земји. Што се однесува до останатите континенти, исто така само шампионите на Африка, Азија, Јужна Америка, Австралија и Океанија исто така ќе обезбедат директно учество на Светското првенство.

Сите останати селекции ќе играат квалификации, а во Европа тие квалификации се бараж двомеч, чија што ждрепка ќе биде извршена на 30 јануари 2018 година во Загреб.