Ристовски не настапи, нова лесна победа на Барса во АСОБАЛ-лигата

Ракометарите на Барселона ја забележаа и втората победа во АСОБАЛ лигата, откако вечерва во Хуеска ја победија истоимената домашна екипа со 17-23 (6-12).

Иако против себе имаа многу незгоден противник, ракометарите на Валеро Ривера стигнаа до рано водство од 5 разлика, двоцифрена разлика во 35. минута и лесна финална победа.

Борко Ристовски на голот на шампионот на Шпанија не доби шанса, бидејќи Гонзало Перез де Варгас на голот на првакот на Шпанија собра 7 интервенции.

Во победничкиот табор најефикасни поединци беа Сипржак со 5 и Томас, Нгесан, Доленец и Арињо со по 4 гола. Кај поразената Хуеска се истакна Рејес со 4 гола.