РФМ ги одреди премиите: Ракометарите ќе поделат 100.000 евра ако влезат во ТОП 4

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Воочи стартот на долгоочекуваното Европско првенство во Хрватска, Ракометната федерација на Македонија на завршниот состанок на управата и стручниот штаб, најави парични премии за репрезентативците за настапите на претстојниот континентален собир.

Имено, првиот човек на федерацијата Живко Мукаетов најави премија од 30.000 евра за репрезентацијата доколку се оствари пласман во втората фаза од првенството и дополнителни 30.000 евра (или вкупно 60.000 евра) доколку А-тимот обезбеди пласман на некое од првите шест места на првенството. 

Доколку машките сениорски репрезентативци пак успеат да стигнат до полуфиналето на ова првенство (пласман во топ 4), претседателот на РФМ вети премија од дополнителни 40.000 евра или вкупно 100.000 евра за ваков висок пласман на шампионатот.

Сениорската машка репрезентација на Македонија од вчера е во Загреб, каде веќе го одработи и првиот тренинг. Првиот меч нашите ракометари го играат во сабота (13 јануари 2018 година) во 19.30 часот, против селекцијата на Словенија.