Ремито во Болцано со Русија и српската бајка се македонските блесоци на ЕП

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Петтиот европски шампионат нацијата го чека како никогаш досега. Со мерак, ентузијазам, а богами и со амбиции. Целите се повеќе од јасни: да се разбие малерот од лош почеток, да се мине првата фаза и скапо да се продаде кожата понатаму.

Низ историјата „патот го отворија“ Манасков и другарите во Италија, па блесна Кире Национале во Ниш и Белград, за настапите во Хернинг и Краков да бидат тука некаде околу можностите и очекувањата.

Потсетете се на сите натпревари на Европското првенство:

1998 година – Италија (12. место)

Б група – Болцано

Македонија – Унгарија 20-29

Македонија – Русија 26-26

Македонија – Хрватска 21-28

Македонија – Шпанија 19-26

Македонија – Чешка 18-38

Меч за 11. место

Македонија - Италија 24-25

2012 година - Србија (5. место)

Б група (Ниш)

Македонија - Шведска 26-26

Македонија - Германија 23-24

Македонија - Чешка 27-21

Четвртфинална група (Белград)

Македонија - Данска 32-33

Македонија - Полска 27-25

Македонија - Србија 22-19

Меч за 5 место (Белград)

Македонија - Словенија 28-27

2014 година - Данска (10. место)

А - група (Хернинг)

Македонија - Данска 29-21

Македонија - Чешка 24-24

Македонија - Австрија 22-21

Четвртфинална група (Хернинг)

Македонија - Унгарија 25-31

Македонија - Исланд 27-29

Македонија - Шпанија 22-33

2016 година – Полска (11. место)

А – група (Краков)

Франција – Македонија 30-23

Македонија – Полска 23-24

Македонија – Србија 27-27

Четвртфинална група (Краков)

Македонија – Хрватска 24-34

Македонија – Норвешка 31-31

Македонија – Белорусија 29-30.